Убавина

Кајсијата најдобра заштита од сонцето

Во текот на летото треба да се јадат кајсии што почесто, бидејќи тоа е најприродниот начин да ја заштитите својата кожа од сонцето.

Оптималната дневна доза

Препораките се да се јадат барем три кајсии на ден за да се задоволи потребата на организмот со каротен. Со оглед на тоа дека сезоната на кајсии е од јуни до август, потоа можете да ги јадете суви, смрзнати или од компот.

Касијата за убавината

За оние кои сакаат сами да си подготват дома маска за лице доволно е да издвојат пет минути.

Три свежи кајсии, една супена лажица јоругт или павлака, малку лимонов сок. Кога сето тоа добро ќе го измешате со миксер, ставете ја маската на кожа и оставете да делува 20 минути. Оваа природна маска ќе и даде на кожата кадифен изглед и свежина.

Напиши коментар