Мојата кујна

Какао шнит – добро познатиот вкус…

Нешто што секогаш нудело одличен вкус, сме го јаделе многу пати…а сме заборавале да го побараме рецептот…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

125 грама путер

200 грама шеќер

4 жолчки

250 грама брашно

2 лажички какао

2 децилитри млеко

За прелив:

4 белки

200 грама шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прво, добро се обработува путерот со миксер, се додава шеќерот и сето тоа се меша заедно. Се ставаат и жолчките и се добива соединета смеса.

Во смесата се додава брашно помешано со какао и прашок за пециво и млеко.

Смесата се пече во плех на температура од  180 степени, од 20 до 25 минути.

За премачкување, се прави шлаг од белките со шеќерот. Шлагот за да биде поцврст, може да се меша на пареа, дополнително при што шеќерот добро ќе се стопи а смесата ќе се загрее…

Сега знаете на што мислевме…Уживајте во овој деликатесен десерт !

Напиши коментар