ШоуБиз

Како Бекам и принцот Хари лудуваат? :)

Веќе ни е добро познато дека кога Дејвид Бекам и принцот Хари се во Лондон заедно, тие поминуваат доста време дружејќи се, а особено обожаваат да излегуваат по ноќни клубови. Пред две ноќи, и двајцата биле забележани во еден елитен клуб, а друштво им правела непозната девојка.

Тие двајца привлекле најмногу внимание во ноќниот клуб, каде покрај нив имало и други познати личности. Присутните особено биле заинтересирани која е русокосата која цело време им правела друштво на Хари и Дејвид.

Се работи за пејачката Кетрин Џекинс, која е семеен пријател на Бекамови. Во клубот, тројцата седеле на исто сепаре и заедно играле, а подоцна секој сам ја напуштил дискотеката.

Напиши коментар