Art & Crafts

Како безболно да се одвикнете од навиките???!!!

Сето она кое мислите дека „морате“ да го направите, всушност не морате да го правите на начин на кој досега сте го правеле…

Секоја навика доаѓа од потребата и желбата за нешто.

Сакате да се „решите“ од старите навики? Едно истражување покажа дека 40 проценти од „одлуките“ кои ги донесуваме секој ден всушност не се одлуки туку стари навики. И сега сигурно се прашувате “Што да сторите?“…

Одговорот е едноставен… Старата навика променете ја со нова !!!

Редефинирајте го „морам“

Размислете за Вашето секојдневие, она што „морате“ да го направите, всушност можете да го направите на сосема друг и поинаков начин од досегашниот. Мислите дека „морате“ да испиете чаша кафе наутро? Не… Тоа е само една навика која Ви се допаѓа. Единствениот начин за да се променат старите навики е да разберете дека „морам“ може да го промените или елиминирате.

Дефинирајте потреба/желба

Секоја навика доаѓа од потребата и желбата за нешто, тоа е иницијалната каписла која нашиот мозок го претвора во „автопилот“ кој иницира рутина или навика.

Дознајте на кои рутини и навики робувате

Ова е најлесниот дел од Вашата задача. Вашата рутина манифестира навики. Можеби се работи за благо после ручек и цигара по добро и вкусно јадење, или сурфање на интернет пред легнување…

Одредете си награда

Можеби „наградата“ која ја добивате од своите навики всушност е чувство дека ги имате работите под контрола. Размислете добро зашто се чувствувате убаво кога ќе се препуштите на своите навики. Земете ја за пример кафе паузата… која ја користите за пиење кафе и разговор со пријателите или колегите. Можеби воопшто не станува збор за потребата од кофеин, туку едноставно Ви годи чувството, кое го имате додека сте со своите пријатели или некоја посебна личност… можеби кафето е добар изговор за 30 минутна социјализација која не можете да си ја дозволите надвор од работното време.

Сакате да ги промените Вашите навики, мора да запаметите дека наградата мора да биде иста, нема да си ја скратите… меѓутоа ќе го промените начинот на кој ќе стигнете до неа.

Напиши коментар