ШоуБиз

Како Бијонсе и Џеј Зи навиваат?

Минатата вечер, Бијонсе и Џеј Зи за прв пат се појавија во јавност заедно откако Бијонсе се породи. И изгледале посреќно и посвежо од било кога претходно.

Додека Ајви Блу седела дома со своите дадилки, мама и тато отишле да гледаат спортски натпревар заедно, на Медисон Сквер. Бијонсе изгледала природно и била расположена како и секогаш, покажувајќи со својот стил на облекување дека мајчинството воопшто не ѝ влијаело.

Двојката седела во првиот ред и навивала за тимот на Њу Џерзи Нетс, на кој Џеј Зи е делимичен сопственик. На крај на мечот, уште една причина за славење. Тимот на Бијонсе победил со 100:92.

Напиши коментар