Art & Crafts

Прва помош за изгорениците од сонце !!!

Иако најчесто се јавуваат кај луѓето со светла кожа, која произведува само мало количество на заштитниот пигмент меланин, изгорениците од сонце може да се случат на секој кој бил подолго изложен на сончевите ултравиолетови зраци. Најдобар пристап е превенцијата, особено кај децата, бидејќи силните опекотини од детството се поврзуваат со желудочен меланом, во подоцнежниот дел од животот.

Зачестеното изложување на ултравиолетовите А(UVA) зраци, предизвикува прерано стареење на кожата и зголемен ризик од рак на кожата. Претераното изложување на ултравиолетовоте B (UVB ) зраци предизвикува изгореници кои го оштетуваат горниот дел од кожата и исто така го зголемуваат ризикот од рак. Црвенилото и болката најчесто се засилуваат неколку часа после изложеноста и траат до една недела. Можат да се појават и пликови.

Како да ги лечите:

– Не лупете ја изгорената кожа и не пукајте ги пликовите.

-Смирете ја кожата со ладни облоги, ладна бања, туширање, нанесете гел од алое вера или каламински лосион.

– Ублажете ги сувата кожа и лупењето со хидратантен крем.

-Заштитете ја изгорената кожа од понатамошно излагање на сонце.

-Традиционален лек за опекотини од сонце е ливчиња од роза, потопени во оцет. Оцетот разладува, а ливчињата ја смируваат болката.

Напиши коментар