Sweet Home

Како да изберете вистинската боја за Вашата бања !!!

Изгледот и атмосферата во бањата најлесно ќе ги промените со бојата. Кога мислиме на бојата во бањата, всушност тоа се однесува на бојата на плочките и ѕидовите.

Една од препораките на стручњаците за односот на боите во самата бања е следна: Најтемните тонови во долната зона, средните во ниво на очите и најсветлите бои, над нас. Но тоа не мора да е правило…

При изборот на плочките ќе видете дека доста од производителите всушност и ги нудат своите производи по овој принцип. Тоа можете да го видете во салоните на експонатите или во каталозите, секоја серија има своја комбинација, на вас останува да одберете.

Но пред да се одлучете ви предлагаме еден дел од ѕидот, ако постои можност, бојосајте го во слични тонови какви што би биле плочките за да го добиете вистинскиот впечаток. За тоа можат да послужат и сосем мали површини.

Начинот на кој бојата реагира во даден простор е светлоста. Светлоста може драстично да ја промени бојата, да и даде топлина или сино ладен тон. Се разбира дека постоењето и на друга боја во просторот, во колку постои, се рефлектира и исто така може да го промени основниот тон.

-При изборот на боја за бањата, разгледајте го следното:

-Избегнувајте ја монотонијата

-Верувајте му на вашето око и душа

-Визуелното доживување е од голема корист

За да го креирате добро просторот, разгледајте ги следните опции за површините во бањата: топлите и ладни бои, светлите и темни бои, мазните површини и оние со текстура.

Една боја нека биде доминантна, една помалку доминантна, а третата нека лесно се појави. Избегнувајте контрасти во бањата, барем кога се во прашање големи површини. Во почетокот може ќе ви делува и интересно, но по некое време ќе ве заболат очите… Бојата посебно во такви простори се однесува како камелеон, се менува во зависност од соседните бои, белата или беж бојата најмногу ќе попримат од нијансите на соседните бои, а некоја од боите може да стане дури и понагласена.

Еве исклучок од тоа, ладните бои и нијанси ќе го зголемат просторот, топлите ќе го смалат и ќе го направат поудобен, а контрастните буквално ќе го згрчат просторот.

Чувството за топлина се менува во зависност од бојата. Топлите земјени тонови ја поттикнуваат и ја одржуваат телесната температура. Ладните бои се погодни за менталните активности, па така и не се баш препорачливи за бањата…

Напиши коментар