Убавина

Како да изгледате убаво и без шминка?

Постојат стотина совети како да се нашминкате а да изгледате природно. Истиот ефект можете да го постигнете и без шминка… Шминката би требало само да ви послужи како средство кое ќе ја нагласи вашата природна убавина.

ОДМОРЕТЕ СЕ

Сонот е пресуден за убавината. Потрудете се секоја ноќ да отспиете 6 до 8 часови. Пијте многу течности, но избегнувајте ги газираните сокови. Тоа во голема мера ќе ви го разубави тенот па пудрата и коректорот  не ќе ви се потребни.

ИСЧИСТЕТЕ ГО ЛИЦЕТО

Темелното чистење на лицето двапати на ден е задолжителна рутина ако сакате убаво лице без трошка шминка. За да постигнете најдобри резултати изберете средство за чистење во согласност со типот на вашата кожа.

ОДРЖУВАЈТЕ ГИ ВЕЃИТЕ

Веѓите во секунда можат да го променат изгледот на целото  лице. Пробајте повеќе варијанти додека не го пронајдете обликот кој вам најмногу би ви одговарал, и тогаш веѓите редовно одржувајте ги. Средените веѓи привлекуваат внимание на вашите очи и одаваат впечаток на чисто и средено лице.

УПОТРЕБУВАЈТЕ КРЕМА

Ставајте крема на вашето лице и тело секој ден. Преку ден користете крем со заштитен фактор од сончевите зраци, а навечер, откако ќе го исчистете лицето ставете хидрантен крем.

ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Правилната исхрана е важна како за  убавината така и за здравјето. Ако во своето мени внесете повеќе овошје и зеленчук кожата ќе ви биде посјајна и помека.

ФРИЗУРА

Соодветна фризура може неверојатно да ве разубави. Слушајте ги советите на фризерот, фризура која и прилега на вашата другарка не мора да биде и најсоодветен избор за вас.

Напиши коментар