Убавина

Како да ја изберете вистинската четка за вашата коса?

Добрата четка за коса може да ви помогне полесно да го постигнете посакуваниот облик на вашата коса, а квалитетните четки за коса може да траат со години.

Она што ви советуваме ние е да купите две или три поефтини четки за коса и да ги користите некое време, па според нив да утврдите која четка најмногу ви одговара.

Влакната на четката за ксоа може да бидат природни, синтетички или мешавина. Најдобар избор се четки чии влакна се направени од вепар, кои се навистина нежни со вашата коса. Избегнувајте четки со метални запци затоа што тие ја кинат косата.

Голема сплескана четка: Одлична е за исправање на косата и рамно фенирање, а се препорачува за долга и густа коса. Практична е за брзо фенирање, бидејќи зафаќа голема површина.

Голема кружна четка: Најчесто ја користат фризерите, служи за исправање на долгите коси и рамно фенирање. Важен фактор е густината на игличките, што се погусти тоа е подобро.

Мала кружна четка: Идеална за боб фризура и коса со средна должина, а се користи и за виткање и стилизирање на косата, додавање на волумен и фенирање на шишките. За разлика од големите четки кои ја исправаат косата и ја прават рамна, малите четки и даваат волумен на фризурата.

Дупла сплескана четка: Доколку не сте баш вешти во фенирањето, оваа четка е добар избор за вас, бидејќи ефикасно се справува со наелектризираноста и лесно го исправува влакното.

Четка со дупки: Оваа четка овозможува добра циркулација на воздухот па се скратува времето на фенирање и сушење. Често се изработува од алуминиум кој се загрева и влијае на брзината на сушењето и обликувањето на косата.

Напиши коментар