ШоуБиз

Како да ја извадите од памет Julia Roberts :)

Актерката Julia Roberts буквално излегла од кожа кога водителката Ellen DeGeneres ја исплашила во емисијата која ја води во живо.

Најпрво ја исплашила актерката во тоалетот, непосредно пред снимањето на емисијата, а Julia не очекувајќи дека некој ја демне зад ѕидот, слободно си чекорела. Во тој момент, водителката неочекувано скокнала и ја извадила Julia од памет.

Потоа за време на емисијата, водителката ангажирала еден огромен тип облечен во костим на Снежана, кој тајно ѝ се доближил на актерката зад грб и уште еднаш ја преплашил до смрт. На крај Roberts само искоментирала:

–          Се чувствував како да ме ограбуваат во подземна железница, а така и звучев.

Напиши коментар