Motherhood

Како да ја надминеме кризата во бракот?

Во секој брак доаѓа период во кој еден или двајцата партнери чуствуваат како да удриле во препрека и незнаат како да ја заобиколат. Без разлика дали вие или вашиот брачен другар се соочувате со мала или поголема препрека , сепак не е доцна да се вратите на вистинскиот пат. Разгледајте ги овие девет чекори кои ќе ви помогнат да ја зацврстите вашата врска и да изградите поздрав и посреќен брак.

1.       Бидете реални

Врските се разбира никогаш не се толку совршени како во холивудските филмови или како во вашата омилена поп песна. Кога медениот месец ќе заврши, паровите треба да се соочат со реалноста на секојдневието. Зачувајте ги вашите очекувања реални, прифатете го вашиот партнер онаков каков што е, и прифатете ги неизбежните промени што доаѓаат во животот.

2.       Излегувајте заедно

Многу лесно се заглавува во рутината на секојдневието, особено кога се имаат и деца. Најдете време да побегнете од рутината и одете на состанок со партнерот како што го правевте тоа и пред брак. Барем еднаш неделно излезете, резервирајте во вашиот омилен ресторан и забавувајте се .

3.       Бидете пријатели

Пријателството и комуникацијата се кључни предуслови  за солиден брак. Важно е да разговарате и да бидете најдобар пријател еден на друг. Овој вид на блискост ви овозможува да изградите солидна основа на вашата врска спремна за времето на неибежните бури.

4.       Заборавете го минатото

За многу луѓе е тешко да веруваат. Минатото може да нанесе болка и разочарувањата можеби оставиле лузни. Но не  дозволувајте старите рани да ви го попречуваат патот. Простете и продолжете понатаму.

5.       Изградете доверба

Ако сте тип што привлекува многу пријатели од спротивниот пол, после стапување во брак ќе треба да поработите на тоа. Брачните советници веруваат дека ваквите пријателства со спротивниот пол се ризични. Наместо тоа обидете се да најдете други брачни парови со кои ќе делите слични интереси.

6.       Време за пријателите

Не значи дека треба да ги пресечете сите надворешни врски и контакти, но разумно ограничете го времето поминато со пријателите. Повременото излегување со пријателите е во ред, но премногу време далеку од вашиот брачен другар може да доведе до проблеми дома.

7.       Најдете време за интимност

Често се случува  притисоците од работата и  обврските да бидат пречка во вашиот љубовен живот. Д-р Вилард Ф. Харли Џуниор советува паровите да си посветуваат внимание еден на друг барем 15 часа неделно. Ова време е потребно за интимни разговори, споделување на потребите и сексуално исполнување што е неопходно за среќен  брак.

 

8.       Стоп за лошите навики

Лошите навики како што се критикување, обвинување, навреди, закани, казнување и слично може да го доведе бракот во сериозна криза.

9.       За време на конфликтот

Експертите советуваат за време на конфликт да го употребите таканаречениот СТОП метод. Се тргнува од таму дека луѓето кога се тажни или лути не размислуваат исправно. За време на конфликтот застанете  и кажете му на вашиот партнер дека ви треба пауза. Одвојте се од него или неа за околу 30-60 минити кое време ќе го искористите да се смирите и преиспитате и да го анализирате вашето однесување. Кога ќе се смири топката предложете прегратка или бакнеж.

Напиши коментар