Art & Crafts

Како да ја подобрите позицијата на работното место?

Без разлика дали сте доволно платени за својата работа или не, ако заработувате едвај да ги платите сметките, можностите што да направите за да ја подобрите ситуацијата се ограничени.

Вработените мислат дека не се доволно платени за преголемиот број на часови кои ги одработиле, многубројните работни обврски, а некои работат и многу поодговорни работи отколку што треба. Иако во овој случај многумина размислуваат за отказ, во време на рецесија, ретко кој може да си го дозволи.

Но ако продолжите со работата од која едвај преживувате, може да дојдете до поголеми проблеми. Тоа може да има негативен ефект на вашите работни резултати, ставот и способностите, а и лошо влијание на работната концентрација, бидејќи сте окупирани со личните проблеми. Финансискиот притисок негативно се одразува на приватното опкружување, но и работното, а  тоа автоматски предизвикува бројни проблеми во двете области.

Како да преживеете на лошата работа?

1.Почнете од вашата сегашна работа

Не е доволно да мислите дека сте премалку платени – морате да знаете дали навистина е тоа така. Истражете колкави се платите за вашата професија и работата која ја работите, споредете ја својата работа со другите и дознајте во каква позиција се наоѓате. Размислете за тоа како да станете поважни кај шефот.

2.Барајте од шефот зголемување на платата

Ако барате зголемување, потрудете се тоа да е оправдано –  ако имате повеќе обврски на работа или сте добиле одговорна работа. Добро е ако ги подготвите сите факти на хартија.

3. Побарајте други можности

Понајдете време во текот на наделата за да побарате друга работа која повеќе ќе ви се исплати. Прво, побарајте можност во рамките на компанијата, кеде што веќе сте се докажале, а потоа истражете ги конкурентските компании. Барајте работа пред или по работното време. А штом почнете нешто сериозно да превземете, ќе биде повеќе позитивни.

4. Прифатете дополнителна работа

Наместо да се жалите на тешката финансиска состојба во која се наоѓате, искористете го времето и истражете во што сте добри. Ако од професијата, хоби или различни вештини можете дополнително да заработувате, а тоа да не го загрозува вашето моментално работно место, потрудете се нешто да остварите.

5. Бидете благодарни на се што имете

Ако превземете нешто за да ја подобрите ситуацијата, кога тогаш ќе се промени. Дотогаш бидете благодарни што имате работа и бидете успешни во тоа.

Напиши коментар