Убавина

Како да подготвите домашен шампон против опаѓање на косата?

Имате ли проблем со опаѓање на косата? Диколку сте пробале многу третмани кои не дале ефект и позитивен резултат, ние ви нудиме решение:

Пробајте со овој природен рецепт , кој можете да го припремите сами:

Потребен ви е благ и неутрален шампон во кој ќе измешате неколку етерични масла. Во книгата “1001 природен лек”, се препорачува:  Во пластично шише налејте 250мл неутрален шампон, по можност изработен на природна база. Потоа додадете 30 капки етерично масло од рузмарин, 10 капки етерично масло од темјан, 10 капки етерично масло од лаванда. Вака припремениот шампон,  втријте го на вашата коса, со лесна масажа од најмалку 3 минути а потоа измијте се.

Оваа нежна масажа на косата, ќе ви овозможи делувањето на маслата да биде поефективно, а маслата се покажаа многу ефикасни во спречувањето на опаѓање на косата и го поттикнуваат нејзиниот раст. Етеричното масло од рузмарин ја поттикнува циркулацијата на темето, маслото од лаванда делува смирувачки, а темијанот го стимулира растењето на косата.

Напиши коментар