Art & Crafts

Како да препознаете квалитетна паста за заби

Сакате да водите грижа за хигиената на вашите заби, го посетувате редовно Вашиот стоматолог, и тогаш купувате погрешна поста за заби? – Ви се случило ли ова ?

Доколку одговорот е ДА… Во тој случај погледнете на што треба да обратите внимание следниот пат кога ќе купувате паста за заби…

Флуорот е неопходен

Во морето од состојки кои ги содржат пастите за заби, морате да знаете дека добра паста е онаа паста која содржи поголемо количество на флуор. Според стоматолозите пастите кои содржат поголемо количество флуор ги спречуваат оштетувањата на забите за 40 проценти.

Потврда од здравствена организација

Секоја паста мора да има доказ дека доаѓа од стоматолошки установи и тоа мора да биде означено на пакувањето на пастата. Пастите кои немаат таква потврда се често многу ефтини, но заштедата претставува штета за здравјето на Вашите заби.

Пастите за избелување делуваат – до некаде

Благодарејќи на абразивните средства, пастите за заби задолжени за избелување на забите придонесуваа за отстранување на фелките на забите, но тие не можат да придонесат за обелување во нијанси. Се понатака е маркетиншки трик!!!

Помалку е повеќе

Четкичката за заби прекриена со повеќе паста за заби нема да ги исчисти забите ништо повеќе од половина од таа количина. Дејството е исто, а пастата трае подолго ако се нанесува помалку. За најдобар ефект мијте ги забите 2 пати дневно со паста во количина на зрно грашок.

Поважно е како – отколку со што

Ако ја купите најскапата четка за заби и најдобрата паста, а не ги користите правилно, нема да ги имате очекуваните резултати. Правилниот начин на миење на забите е држењето на четката делумно накосена, под агол од 45 степени, за да можат влакната на четката да допрат помеќу забите. И не го заборавајте кружното четкање најмалку 1 минута.

Напиши коментар