Motherhood

Како да разговарате со своите деца на тема: Секс?

Една од најтешките задачи на секој родител е оформувањето на личноста на своето дете. Од самото раѓање на детето потребно е да бидете покрај него, да го упатувате, да му објаснувате, да го учите.

Кога ќе дојде моментот за сексуална едукација на ниту еден родител не му е лесно. Но, тоа не значи дека оваа тема треба да се забрани и да се остави бидејќи оваа тема е клучна за неговото здравје, и текот на животот.

Еве неколку совети за тоа како треба да разговарате со своето дете за сексот:

Започнете ја темата на начин кој ќе биде прилагоден на возраста на детето. Најдобро е прво да започнете со промената на телото во пубертетските денови, а потоа да продолжите кон подлабоките теми.

Нека не ви биде непријатно кога зборувате за половите органи. Како што децата ги учат називите за очи, глава, раце, нозе, треба да знаат и дека имаат пенис и вагина. Важно е со разговорот да ги запознаете со телото.

Кога ќе дојдете до темата раѓање на детето, немојте да заобиколувате. Децата треба да знаат како дошле на овој свет. Затоа што и тие ќе имаат свои деца. Кога ќе бидат точно и убаво информирани заовој чин ќе бидат многу повнимателни.

Разговарајте за болестите на денешното време. Кажете им ја реалната ситуација. Може да вметнете малку хумор во разговорот за да сето тоа биде поприфатливо за детето.

Најважно од се е да стекнете меѓусебна доверба со ваквите разговори. На тој начин децата ќе бидат информирани, свесни, а вие ќе ја имате контролата над нив и нивниот развој.

Write A Comment