Пред да се одлучите да развивате свој личен стил на облекување, прво мора да се разберете себеси…
На кој начин сакате да се облечете? Дали сте „диви“ или конзервативни? Дали преферирате формалности или секојдневна удобност? Дали вашата моментална гардероба е класично елегантна или по мерка на последната мода?
И откако ќе си одговорите на прашањата преминете кон акција на создавање сопствен препознатлив стил!!! Но пред да го сторите тоа бидете препазливи на следното…
Вашата возраст
Стилот на облекување секогаш мора да биде во согласност со вашите години. Во ред е да имате желба со помош на облеката да изгледате помладо, но тоа не успева секогаш, затоа држете се до стилот специфичен за вашата возраст. Границите во кои можете да се движите нека бидат ориентирани кон посвежи бои.
Вашата професија
Не се носат фармерки и маици во правно – консултантска фирм или штикли и кратка сукња ако сте наставничка. Користете ја својата професија како водич за купување на облека. Штом еднаш ја најдете колекцијата која ви одговара, истата освежете ја со неколку модни додатоци и додадете свој личен печат.
Вашиот животен стил
Модата треба да ги искомбинира формата и функцијата и истата треба да се вклопува во вашето опкружување. Запаметете дека не морате да купувате дизајнерска облека за да го изразите својот личен стил. Понекогаш и фармерките може да бидат перфектна комбинација, секако доколку сте ги избрале оние вистинските.
Побарајте инспирација
Пронајдете некоја позната личност или модел (или неколку од нив) кои најдобро го изразуваат она што Вие сакате да го постигнете со својот стил. Пролистајте ги страниците на модните магазини, а секако и нашата њеб страница и бидете сигурни дека ќе ја пронајдете своајта стилска икона. Но внимавајте да не бидете лажна копија на истата, искористете неколку елементи и додадете свои.
Вашите атрибути
Фокусирајте се на вашето тело, на оние делови од телото кои според Вас се највпечатливи. За нив одберете облека или додатоци со кои ќе ги истакнете и верувајте Вие сте на почетокот на создавање на свој впечатлив стил.