Art & Crafts

Како да сварите совршено тврдо варено јајце !!!

Јајцата заземаат и имаат посебно место на Велигденската трпеза.

Зар не би било убаво да имате совршено варени јајца кои нема да бидат напукнати или на кој било друг начин различни од совршено варени Велигденски јајца.

1. Купете јајца кои се околу недела дена стари

Старите јајца побрзо ќе се сварат и полесно ќе се луштат. Доколку се најдете во ситуација да не можете да купите постари јајца и да бидете приморани да купите свежи тогаш при варењето на секој 250 милилитри додадете пола лажичка содабикарбона ( на 1 литар вода 2 лажици содабикарбона)

2. Јајцата пред варењето нека бидат на собна температура

Јајцата кои се изложени на собна температура се помалку склони кон пукање при варење. Се препорачува 1 час пред варењето да ги извадите јајцата од фрижидер и да ги оставите да добијат собна температура.

3. Варете ги јајцата одвоени едни од други

Ставете ги јајцата во еден слој ( не едни врз други ) и ставете вода на тој начин што јајцата ќе бидат околу пет сантиметри под водата. Варете ги на среден оган, тоа е потребно заради водата пополека да зоврива  за да не дојде до пукање. Подобро е  сите јајца кои сте ги планирале да ги варите во повеќе наврати а не сите одеднаш.

4. Тргнете го садот со јајцата од оган

Кога водата ќе почне да врие почекајте околу 3 минути и тргнете го садот од оган. Поклопете го оставете го 12 минути. Доколку јајцата се поголеми тогаш тој период изнесува 15 минути.

На овој начин ќе добиете перфектно варени јајца со снежно бела белка и златно жолта жолчка.

5. Внимателно извадете ги јајцата од садот

Внимателно извадете ги јајцата од садот и префрлете ги во ледена вода. Ледената вода ќе го олесни луштењето на јајцата.

Овој начин на варење јајца можете да го искористите при вапсување за Велигден, со тоа што во водата ќе ја додадете бојата за вапсување. И внимавајте доколку  сакате да бидете победник во натпреварот за најјако јајце тогаш 5 чекор изоставете го !!!

Напиши коментар