Motherhood

Совети за полесно забременување

Сите откако ќе стапат во брак, сакаат што побрзо да го прошират своето семејство. Но тоа не секогаш лесно им оди од рака. Затоа, без разлика дали во скоро време планирате да останете бремени или пак за неколку години, поттикнете го вашиот партнер да ги примени следниве совети.

Секојдневно јадење овошје и зеленчук

Мажите кои консумираат намирници богати со антиоксиданси, како што се бетакаротен, витамин Ц и Е, имаат подобра сперма од мажите кои малку или воопшто не внесуваат антиоксиданси. Дневна количина е  5 до 9 порции овошје и зеленчук (листест зеленчук, цитруси …)
Не за цигарите
Хемиските материи и никотинот во цигарите ја оштетуваат ДНК-та. Многу истражувања покажаа дека способноста на сперматозоидот да оплоди јајце клетка кај пушачите е помала за 75 проценти, отколку кај непушачите.
Лап топот нека стои на маса
Држењето на лап топот во скут предизвикува раст на температурата на скротумот за 5 степени, што предизвикува редукција на сперматозоидите. Освен тоа, вашиот партнер треба да избегнува и подолг престој во загреани простории како сауна, топла купка и сл.
Зачинете го сексуалниот живот
Најновите истражувања покажаа дека честата сексуална активност (три или повеќе пати неделно) го зголемува квалитетот на спермата, а апстиненцијата го намалува квалитетот. Знаеме дека овој совет ќе биде одлично прифатен од страна на вашите партнери.

 

 

 

Напиши коментар