Убавина

Како до ombre нокти од дома

Ова е најновиот тренд кога е во прашање шминката и лакот за нокти. Ombre е начин на нанесување со кој употребувате неколку нијанси, така што крајниот ефект е прелевање од посветло кон потемно и обратно.

За да го направите ова потреби ви се две-три бои, сродни, безбоен лак, сунгерче, стапче и пластична подлога. Најпрво намачкајте ги ноктите со посветлата боја. Кога ќе бидете сигурни дека лакот е сув тогаш започнете го нијансирањето. На пластична подлога ставете од двата лака за нокти. Со дрвено стапче измешајте ги и потопете го сунгерчето во лакот. Со него натапкајте го ноктот со движење нагоре-надолу. Кога ќе биде сув лакот премачкајте го со безбоен лак за нокти. Исчистете го вишокот на лак кој го нанесовте на кожата со стапче за уши потопено во ацетон.

 

 

 

Напиши коментар