Убавина

Како до секси стапала?

Сигурно цела зима носевте чизми, кожата на стапалата беше затворена и тешко дишеше, а сето тоа ја направи да биде тврда.

Спремете ги стапалата за летните чевли.

Почнете така што ќе ги отстраните сите остатоци од лакот за нокти. Потопете ги нозете во топла вода во која ќе ставите морска сол.

Отстранете ја тврдата кожа со турпија, а потоа направете пилинг на стапалата. Потоа измијте ги стапалата и нанесете им маска. Измешајте два изрендани компири со две жолчки и една лажица мед. Нанесете ја маската на стапалата и замотајте ги во кеса и држете ги половина час. Потоа измијте ги нозете и намачкајте ги со крема за стапала. Завршете го третманот со лак за нокти.

Напиши коментар