Убавина

Како до совршени црвени усни?

Сакате совршени црвени усни кои едноставно ќе ги мамат сите за бакнежи??? Еве неколку совети како до прекрасни црвени усни – усни во боја на страста:

Со моливче дефинирајте ги своите усни за да изгледаат полни. Користете моливче за нежно да ја нагласите линијата на усните над вашата природна линија. Потрудете се моливчето да е во боја на усните, или пак една нијанса посветло од карминот.

Внимателно нанесете го карминот. Издвоете барем 5 минути за нанесување на карминот, затоа што црвената боја бара внимание и трпение при нанесување. Обичните кармини го апсорбираат светлото и ги прават вашите усни помали отколку што навистина се. Нанесете малку сјај и светлото автоматски ќе даде впечаток на полни и поубави усни.

Ако сакате понежна варијанта од силно црвената боја, пробајте природна црвена која е поедноставна Ако сакате да носите црвен кармин треба да ја пронајдете нијансата која одговара на вашиот тен и боја на коса. Ако се одлучите да носите црвен кармин не грижете се за забите. Секогаш изгледаат побели.

Напиши коментар