Art & Crafts

Како до убаво орманче за накит?

Ако имате старо кујнско и тоалетно орманче, а плус еден куп накит кој ви стои по фиоки, кутии, време е да направите нешто креативно и да воведете организација. Така секогаш лесно ќе стигнувате до омиленото парче накит кое сакате да го носите.

Старото орманче можете да го претворите во нови и убаво каде ќе го складирате целиот свој накит. Надворешниот изглед можете да го дотерате со фарбање или едноставно покривање со колоритна фолија или пак да залепите огледало. Додека за внатрешниот изглед би било убаво да ги извадите полиците доколку постојат, да ставите на вратата куки на кои ќе висат ѓерданите.

Во внатрешниот дел залепете сунѓет кој предходно ќе го обликувате во сакана форма и ќе го обложите со соодветен материјал. Во тој дел складирајте ги обетките и прстените.

Потребен ви е алат и малку креативност, ние ви даваме неколку предлози како може да изгледа вашето ново орманче за накит.

Напиши коментар