Убавина

Како до вистинскиот пролетен парфем ?

Дојде Пролетта, а со неа и нежните ноти на парфеми. Зимските, со потешки линии, за момент паузираат, додека наша втора кожа ќе бидат смелите и свежи тонови.

* За да го одберете вистинскиот парфем, треба да почекате 30 минути од моментот кога го имате нанесено. Токму тогаш парфемот го оформува вистинскиот мирис.

* Веќе рековме, Пролетта и повисоките температури го зголемуваат и мирисот. Затоа, одлучете се за понежен парфем.

* Ако имате сува кожа, слободно нанесете повеќе парфем.

* Кога одите во парфимерија, а сакате да купите нов парфем, немојте претходно да имате нанесено друг. Мирисите ќе се измешаат.

* Не размачкувајте го парфемот помеѓу зглобовите. На тој начин ќе ги оштетите молекулите на состојките, а со тоа ќе се промени и мирисот на парфемот.

* Не нанесувајте парфем на бисерен накит или бижутерија, бидејќи може да ги оштети алкохолот, кој е дел од секој парфем.

Напиши коментар