Убавина

Како до здрави нокти

Барате ли совет за здрави нокти?

Често одите на маникир, меѓутоа, ноктите Ви се слаби и кршливи. Причината за тоа е недостатокот на калциум и витамин А. Во случај ноктите да се свиткани надоле, причина за тоа е недостаток на витамин Ц и фолна киселина.

Вертикалните линии укажуваат на неправилно варење на храната, а белите точкици, на недостаток од калциум. Сето тоа нè води до исхраната. Треба да се внесува поголемо количество витамин Ц и калциум, а преку храната да се внесува потрените протеини и минерали.

Ако ноктите се жолтеникави, показател е дека црниот дроб не работи правилно.

Во случај на лош метаболизам поради консумирање масна храна, ноктите стануваат темноцрвени.

Здравата исхрана влијае на се… па и на ноктите, ако сакате да се потрудите и околу ноктите, еве кои намирници ќе Ви помогнат. Сепак ноктите кажуваат многу за една жена, за убави нокти консумирајте: јаболка, грозје, лешници, житарски, кромид, ориз, соја, краставици,туна, јајца, лук.

Напиши коментар