Американскиот државен секретар Hillary Clinton изминатиов викенд била на шестиот по ред самит на американските држави кој се одржал во Колумбија, во градот Картагена. По напорниот работен ден одлучила малку да се опушти и позабавува. 64-годишната Clinton била забележана како пие пиво и се забавува со своите соработници во клубот „Café Havana“, кој воедно бил и најдобрата дискотека во градот.
На интернет веднаш се појавиле слики од тој настан, а самата дискотека ги објавила фотките на својата веб страница. На прашањето колку се забавувале таа вечер, еден од колегите на Hillary само кратко одговорил: „Многу!“
Нека каже сега некој дека и политичарите не обожаваат да откачат понекогаш и да уживаат без многу да му ја мислат.

