ШоуБиз

Како Кели Озборн стана полесна за 23 килограми? :)

Нема сомнеж дека Кели Озборн изгледа одлично покажувајќи ја својата нова линија на насловната страница на австралијанското издание на списанието „ОК“. На сликата таа е слаба и има совршени облини.

Сепак, не треба многу внимание за да се забележи дека сликите се од пред една година, кога во декември Кели се сликала за списанието „Shape“. Малку е чудно зошто од списанието се одлучиле за овие стари слики, кога 27-годишната Озборн успеа да си ја задржи оваа линија долго и по успехот во шоуто „Танцувајќи со ѕвездите“.

Сеуште е неверојатно како Кели успеала да симне цели 23 килогарми, а во тоа најмногу ѝ помогнале здравите навики во исхраната и личниот тренер.

Напиши коментар