Иако нејзиниот татко е многу познат актер, Џејн Кери сака да си ја испроба среќата во светот на музиката. Таа се пријавила на големото телент шоу „Американски идол“ и го воодушевила жирито, а најмногу ја изненадила Џенифер Лопез.
– Не е лесно да се порасне покрај славен татко. Тешко е да се успее во истата работа. На овој начин ќе пробам сама да си го најдам моето место под сонцето, – изјавила 24-годишната Џејн Кери која пред жирито се претставила со песната „Something To Talk About“.
Освен што ги воодушевила сите, таа се пласирала и во следниот круг. Џим Кери не ни знаел дека неговата ќерка се пријавила во шоуто, а Џеј Ло се шокирала колку Џејн всушност пораснала. Латино дивата се сеќава на неа кога имала само две години.
Еве го нејзиниот настап:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=wB-NM8fFJgc