Убавина

Како лошата фризура влијае на жените?!

Просечната жена ќе помине 26 години во страдање поради лошата фризура.

До ова неверојатно откритие дошле научниците испитувајќи 2000 жени, а резултатите покажале дека повеќето од нив барем 3 пати неделно се будат со непослушна и лоша фризура.

Тоа значи дека припадничките на понежниот пол поминуваат 156 дена во годината во лошо расположение токму поради тоа што се незадоволни со својот изглед.

Просекот од 26 години „лоша фризура“ е добиен ако се земе во предвид дека животниот век на жената е 63 години. Што значи дека тој број е уште поголем ако животниот век е продолжен.

Поради фризурата дамите често доцнат на работа, поточно 11 минути барем два пати неделно.

Истражувањето покажало и дека 12% од жените ги откажуваат состаноците ако не им се допадне фризурата. Кога се соочуваат со непослушна коса 13% од девојките носат капа или шешир, а 8% од нив ставаат поголем акцент на шминката.

 

Напиши коментар