Убавина

Како настанале кармините?

Црвени, розови, виолетови… кармините се појавуваат со сите бои, благодарение на интересните идеи за маркетинг и и формите во кои се произведуваат, но дали некогаш сте се запрашале кога девојките за прв пат со нив се разубавувале? Историјата на кармините почнува пред повеќе од 5000 години кога жените уништувале скапоцени камења кои ги нанесувале на усните за да им светкаат.

Антички свет

Во стариот Египет жените со посебни техники бојата за усни ја добивале од јод, но тоа по постојана примена донело болести, а од таму и своите корени ги влече терминот “бакнеж на смртта”. Наводно, Клеопатра своите усни, кои ги освоиле некои од најважните војсководци во исроијата, ги украсувала со кармин кој се состоел од инсекти и јајца од мравки кои давале црвена боја. Покрај инсекти во смесата за сјај се додавале и рибини лушпи.

16ти век

Во текот на овој век карминот во Велика Британија го направила популарен Елизабета која со него го нагласувала својот бел тен. Сепак, тоа не траело долго, бидејќи во 1653 година свештеникот Томас Хел основал движење кое шминкањето го нарекло “дело на ѓаволот”.

20ти век

Иако во 18ти век било популарно да се носи шминка, бледиот тен бил ознака за една дама, а темните тенови биле карактеристични за жените од пониската класа. Со почетокот на 20ти век работите се измениле и во 30-тите шминкањето преминува во мала револуција. Хазел Бишоп нашла вистинска формула за постојаност на карминот и во производство почнале да се користат различни восоци, пигменти и масла. Сличната фомула се одржала до денес, а она што девојките најчесто го користат содржи витамин Е, хидратантни средства, какао путер, крема за сончање и колаген.

Write A Comment