Убавина

Како (не) треба да носите појас !!!

Пролетната мода никако не може да се замисли без појасот како декор на облеката. Но ретко кој знае како да го комбинара со облеката и поради тој факт ретко се користи…а всушност значи многу кога ќе се искомбинира правилно.

За тоа како правилно се носи појас под лупа се Blake Lively, Tamarа Ecclestonе, Oprah Winfrey, Pippe Middleton…

Погледнете и искористете го ременот на правилен начин.

НЕ!!!

Пипа направила вистинско промашување, комбинирајќи премногу различни нијанси на една иста боја. Во овој случај појасот е вишок.

ДА!!!

Blake Lively е облечена во класично црно фустанче. Со појасот успеела да постигне елегантен изглед.

НЕ!!!

Tamarа Ecclestonе само покажа како слабите девојки не треба да носат појас. Нималку привлечните набори и тоа како се забележуваат.

ДА!!!

Kate Bosworth со појасот на право место ја нагласила својата линија и визуелно ги продолжила нозете. Одлично!!!

НЕ!!!

Leona Paraminski облекла сако во иста боја со појасот, а со самото тоа го лишила појасот од неговата основна функција да го истакне струкот на жената.

ДА!!!

Појасот во зелена боја додатно ја подигнал еуфоријата на оваа весела комбинација на Rachel Bilson.

НЕ!!!

Славната Опра појасот го врзала премногу високо и на тој начин ги истакнала градите а не струкот…може така сакала… но Вие одбегнете го овој начин на носење појас.

ДА!!!

Тенок црн лакиран појас на право место… истакната елегантност…Браво за Julliane Hough.

Напиши коментар