ШоуБиз

Како Ник Картер жали по сестра си…

Секој од нас на различен начин ја доживува болката, а Ник Картер одлучил болката по загубената сестра да ја совлада преку својата работа. Тој имал настап на 2-ри Февруари и за време на настапот, еден блок песни ѝ го посветил на трагично настраданата Лезли Картер.

Ја земал гитарата и трезно изјавил:

–          Никогаш не сум помислил дека ќе го направам ова, но би сакал да ѝ ја посветам оваа песна на мојата сестра.

Потоа со длабоки емоции ја испеал песната „Falling Down“ и едвај успеал да ги задржи солзите. Некои луѓе во публиката заплакале. Ник Картер ќе ѝ го посвети и остатокот од турнејата на „NKOTBSB“ на сестра си од причина што таа обожавала да го гледа Ник како настапува.

Напиши коментар