Art & Crafts

Како правилно да користите лаптоп

Многу корисници на персонални компјутери се префрлија на користење на лаптопите, како идеален начин работата да ја донесат дома или алтернатива на десктоп компјутерот. Но тука настануваат и проблемите со болки во голем број на делови од телото, поради неправилно користење на лаптопот. Лаптопите завршуваат огромна работа, но тие се едни од најчестите причинители на болки на модерното време, и се заради неправилната поставеност на телото при работа со лаптоп компјутер.  Болките во вратот, грбот, колената, зглобовите често се поврзуваат со други активности, ретко кој го обвинува лаптопот како причинител на тие болки.

Пред Вас е едно видео во кое  ќе ви помогне за правилно користење на вашиот омилен лаптоп во различни ситуации… и верувајте половина болки на вашето тело ќе исчезнат доколку се придржувате кон правилната поставеност на телото.

Напиши коментар