Здраво тело

Како против болните афти ???

Мали, бели, суви ранички кои можат да се појават поединечно или во групи на кое било место во усната шуплина, вклучувајќи го и јазикот. Афтите се многу болни а според последните здравствени статистики од нив патат над 16 проценти од светската популација.

Афтите најчесто се појавуваат кај личностите кои лошо се хранат или имаат некоја инфекција, како и кај оние кои се под постојан стрес.

Како да се борите против лошото чувство кое го создаваат афтите.

Едноставни решенија во борба против досадните афти:

Правете гаргара со ладен чај ( никако топол)  од жалфија или чај од камилица 4 до 6 пати во рок од 1 час. Овие чаеви имаат големо антисептичко и адстригенстко дејство.

Исто така идеално решение е доколку врз афтите 15 минути држите ладна и влажна кесичка чај камилица или мајчина душичка.

И најстариот може и најефикасниот лек е стариот бабин лек…Во една чаша топла вода ставете лажичка сол и со тој раствор исперете ја устата 2 до 3 пати во текот на 1 час. При оваа постапка ќе имате чувство на пецкање кои брзо поминува… но проблемот со афтите е решен гарантирано!!!

Напиши коментар