Art & Crafts

Како размислуваат девојките од „Сексот и градот“…

Неколку скокотливи мисли од девојките од “Сексот и градот” кои со сигурност ќе ве инспирираат…

“Јас никогаш нема да бидам жена со совршена фризура, која ќе облече бело и нема да го извалка.”– Кери Бредшо

“Навистина е тешко да чекориш во чевли на сингл девојка – затоа понекогаш Ви требаат некои навистина посебни.” – Кери Бредшо

“Понекогаш мора да престанеме да го анализираме минатото, да ја планираме иднината и да размислуваме како се чувствуваме, да престанеме да одлучуваме што навистина сакаме. Туку едноставно да видиме што се случува.” – Кери Бредшо

“Не секогаш универзумот игра фер, но барем има пеколно добра смисла за хумор.” – Кери Бредшо

“Јас не ги избирам погрешните мажи, тие ме избираат мене.” – Кери Бредшо

“Од мое искуство драга, ако тој изгледа премногу добар за да биде вистинит, најверојатно не е.” – Саманта Џонс

“Тоа не беше логика, тоа беше љубов.” – Кери Бредшо

“Жените се за пријателство. Мажите се за секс.” – Саманта Џонс

“Нема доволно место во Њујорк Сити да ги собере сите мои бивши. Да ти кажам,многу од нив се обесија.” – Саманта Џонс

“Колку подолго седам на масата, толку поосамена се чувствувам. И тоа ме погодува: Јас имам 35 години и сум сама.” – Кери Бредшо

“Дали некогаш навистина го сакав Ѕверката или бев зависна од болка, да посакуваш некој толку недостижен?” – Кери Бредшо

“Сакам парите да ми стојат на место каде што можам да ги гледам..во мојата гардероба.” – Кери Бредшо

“Кога врската завршува, дали навистина се откажуваме или засекогаш ќе бидеме прогонувани од духовите од минатото?” – Кери Бредшо

“Подобро сам, отколку во лошо друштво.”– Саманта Џонс

“Подоцна тој ден размислував за врските. Има такви кои ти отвараат нешто ново и егзотично, некои изгледаат старо и познато, некои ти поставуваат прашања, некои ќе те однесат многу подалеку од каде што си започнал, а некои ќе те вратат назад. Но највозбудливата, најпредизвикувачката и најзначајната од сите врски е онаа што ја имате со самите вас. И ако може да најдете некој што ќе го сака тоа “ТИ” кое ти го сакаш, тоа е чудесно! ”– Кери Бредшо

“Кога си млад, целиот живот ти се врти околу забавата. Потоа пораснуваш и учиш да бидеш претпазлив. Можеш да скршиш коска или срце. Погледнуваш пред да се фрлиш, а понекогаш и не се фрлаш бидејќи не секогаш има некој што може да те фати. И во животот нема безбедна мрежа. Кога престана забавата и започна сѐ да биде страшно? – Кери Бредшо

“Можеби некои жени не треба да бидат скротени. Можеби нив едноставно им треба да трчаат се додека не најдат некој што ќе биде доволно див да може да трча заедно со нив.” – Кери Бредшо

Напиши коментар