Дали Katy Perry се облекла вака поради маскенбалот за 1-ви Април или сакала во целост да се вклопи во атмосферата на доделувањето на „Kids’ Choice“ наградите, не ни е познато, но дефинитивно го привлекла вниманието на сите присутни.
Целата била облечена во зелено во комбинација со зелени чевли и долга, плава коса. Подоцна, во текот на вечерта, таа се пресоблекла за својот настап на истиот настан и овој пат на сцена се појавила како гладијатор.
Доста интересно и инвентвно, како што е всушност типично за Katy. Но, и доста храбро, се разбира!

