Златните статуетки Оскар кои се доделуваат уште од 1929 година се прават во фабриката „R.S. Ovens“ во Чикаго од 1982 година, а моментално е на ред производниот број 3.621.
Рачно изработените фигури претставуваат човек кој држи меч и стои на филмска трака. Една статуетка е висока цели 34 сантиметри, тежи околу 3,8 килограми и е изработена од комбинација од различни метали, а деталниот процес на изработка трае околу 10 дена.
Откако секоја година ќе се објават номинациите за Оскарите, статуетките се пакуваат и се праќаат таму каде што ќе биде доделувањето. Пред добитникот да ја однесе дома својата награда, на секоја статуетка се гравира неговото име.
На ова видео кое трае околу 5 минути, можете да видите како се одвива процесот на правење Оскар: