Убавина

Како се шминка Адриана Лима?

Беспрекорен тен и младешки изглед се нејзиниот заштитен знак. Тука ги имате триковите на Адриана Лима, кажани од професионалните шминкери кои се грижат за нејзиниот изглед.

За да го постигнете ефектот на беспрекорен тен потребо е да ја одберете вистинксата нијанса на течна пудра. Убаво размачкајте ја и по вратот и деколтето. За краевите од лицето и на јаболчниците користете пудра која е за нијанса потемна од основата. Користете руменило во боја на праска.

За да ви потрае руменилото најдобро е да користите кремасти руменила.

Вештачките трепки се задолжителни за Лима. Откако ќе ги нанесете задолжително повлечете тенка линија со црно моливче. Сенките за очи кои Лима ги користи се во склад со бојата на нејзините очи. За дополнителен секси изглед ставете и златни нијанси на краевите од очите.

Кармините кои ги практикува Лима се во природни тонови. За посебни прилики таа нанесува сјај за усни со златен сјај.

Напиши коментар