ШоуБиз

Како се забавува таткото на Michael Jackson?

Таткото на Michael Jackson, 83-годишниот Joe Jackson си ја облекол најновата јакна, на себе си го наметнал најзлатниот ланец што го има и… право во дискотека во Лас Вегас! Да, да, ова што го прочитавте не е шега, туку чиста вистина, и тоа во два часот по полноќ.

Очевидци изјавиле дека Joe пристигнал во клубот со некој пријател и дека не пиел алкохол, туку само вода. Но, не останал сам до крајот на вечерта. Набрзо околу него се насобрале млади и згодни девојки со кои тој се сликал.

Под сликата девојките го опишале таткото на кралот на поп музиката како „сладок стар човек“. Она што се случува во Вегас… понекогаш е малку чудно!

Напиши коментар