ШоуБиз

Како „шизи“ дечкото на Анистон?

Пред да го покаже својот извонреден талент во шоуто на Елен ДеЖенерес, дечкото на Џенифер Анистон открил дека таа била „опседната“ да го натера да игра за неа откако го видела како го прави тоа во филмот „Зулендер“.

Џастин Терокс ја почестил публиката на ДеЖенерес со еден брејк денс. Веднаш потоа водителката извадила една кафена торба во која имало писмо и едни Најк патики за кои Џен сметала дека ќе му се најдат на Терокс за настапот. Секако, оваа е уште една од шегите на Елен, која секогаш знае како да го направи своето шоу интересно и посебно.

За Терокс, Џен има изјавено дека на почетокот ѝ изгледал како сериски убиец, но подоцна сфатила дека тој всушност е најфината личност на светот.

Еве го и неговиот настап:

http://www.youtube.com/watch?v=5BJZnxP_zyw&feature=player_embedded

Напиши коментар