ШоуБиз

Како Тамара Еклстон го изненади дечкото?

Тамара Еклстон (27) решила да го изненади својот дечко за неговиот роденден, па одбрала фустан кој буквално му го одзема здивот на секој што ќе ја погледне. Факт е дека за брокерот Омар Кјами, богатата наследничка е најголемиот подарок што тој може да го посака.

Тамара ја покажала својата сјајна фигура во тесен, златен фустан, комбиниран со соодветен накит и чевли. Омар, пак, кој наполнил 38 години, изгледал обично и доста старо во споредба со прекрасната Тамара.

Наредното утро на Твитер, Екслтон напишала:

–          Добро утро! Одлично се чувствувам по вчерашната забава. Омар не очекуваше ништо и навистина му се допадна изненадувањето.

На забавата која ја организирала Тамара имало и доста познати личности, а на крај од ресторанот Тамара и Омар излегле со букет балони.

Напиши коментар