Prison brake

Каква е симболиката на буквите од вашето име

Гледано од аспект на нумерологија, името што го добиваме на родениот ден има број што го кажува нашиот карактер, преференции и темперамент. Исто така, укажува на тоа како не доживува нашата околина. Проверете колку е точна оваа нумеролошка анализа!

А, И, Ј = 1
Б, К, Р = 2
Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4
Е, Х, Н, Њ = 5
У, В = 6
О, З, Ж = 7
Ф, П = 8

Напишете го своето име и презиме и според табелата, на секоја буква додадете и го одговарачкиот број, а потоа сите броеви собирајте ги додека не добиете едноцифрен број од 1 до 9.

Пример:

Маја Митрова

4+1+1+1+4+1+4+2+7+6+1=32; 3+2= 5

ЗНАЧЕЊЕ НА БРОЕВИТЕ

1 – Личноста која го има овој број е силна, егоистична и сопствените интереси и се секогаш на прво место. Многу е интелигентна и предодредена е за среќа. Нервозна е, а понекогаш и растроена.

2 – Овој број носи среќа и задоволство. Се работи за дарежлива и страстна личност, многу е чувствителна и романтична.

3 – Ова е возвишен број и личноста што го поседува е често предодредена за големи работи. Се работи за многу интелигентна личност, инспиративна, затоа често имаат и шесто сетило. Тие знаат некои работи однапред, претчуствуваат и често служат за пренесување на важни пораки за човештвото.

4 – Овој број претставува солидарност, посветеност. Таквите личности се професионалци, интелектуалци. Нивната предност е слободоумност, и се без табуа. Комплексни личности се, одлични пријатели, партнери, деца, родители. На нив можете да сметате.

5 – Друштвени личности, вистински светски патници. Ја сакаат слободата, дружењето, движењето. Најмногу им одговара живот во голем град, работата во која ќе комуницираат со многу луѓе. Освен леснотијата во комуницирањето, се одликуваат со тоа што се полни со живост, весели и знаат да уживаат во животот.

6 – Овој број е врзан за работата, таквите луѓе се способни, секогаш добро спремени, организирани и многу интелигентни. Одговорни родители се, а им лежи и професорска функција.

– Личноста од овој број се уметнички души. Не е важно дали ќе се занимаваат со сликарство, музика или нешто слично, дефинитивно се кријат во нив најголемите уметници. Овие луѓе често се и физички со многу добар изглед.

8 – Ова е кармички број. Смирени, повлечени, својот приватен живот и мисли го држат за себе, го кријат од околината.

9 – Овие личности имаат потреба од многу простор, сакаат авантури, ризик… Често се револуционерни, посебни, поинакви и дигаат глас за реформи, нов начин на живот, секогаш сакаат промени, нешто поинакво и нешто ново.

 

Напиши коментар