Убавина

Какви фризури сакаат мажите ?

Стилистите на магазинот „ Космополитен “ открија дека мажите преферираат жени со рамна исфенирана коса, високо подигнато опавче и уредно исчешлана коса од која излегува „ непослушно “ праменче. Ги избегнуваат жените кои имаат неуредни израстоци, оние кои носат памучни траки и гуми за коса, или премногу ја тапираат косата и ставаат премногу лак.

Чистата коса кажува за уреден живот, сјајната за виталност и живост, а биолошкиот антрополог Хелен Фишер смета дека мажите вродено имаат истенчен вкус за обликување коса, што го објаснува фактот дека се бројни помеѓу фризерите.

Рамното е идеално

Зошто мажите сакаат рамни коси ? Од перспектива на човековата еволуција, на мажот, несвесно му се допаѓа кога жената изгледа здраво и чисто. Ако Вашата коса е во „ топ форма “, тоа значи дека се храните здраво и водите избалансиран и уреден живот. Тоа кажува дека сте идеален партнер и одличен кандидат за мајка и сопруга.

Бомбастичен сјај

Зошто мажите го сакаат ? Нема маж кој не ја обожува Меган Фокс, нејзиното извајано тело, сензуални усни, но немојте да мислите дека не би сакале нивните прсти да се најдат во нејзината блескаво сјајна коса. Сјајната коса е знак на виталност и младост. Ја сакаат и старите и помлади мажи.

Секси „паж“ фризура

Зошто мажите ја сакаат ? Без разлика дали фризурата е рамна, степенеста или со шишки, фризурата најдобро го открива Вашиот врат и ги истакнува контурите на лицето. Машкото така најдобро ќе се запознае со сите Ваши изрази на лицето и на таа основа ќе ја открие Вашата личност.

Гламурозна пунџа

Зошто мажите ја сакаат ? Пунџата дава неопходна, суптилна и посакувана доза на гламур кај изгледот на секоја девојка. Асоцира на црвен тепих и сите заносни дами кои дефилираат по него. Ваквата фризура дава заводлив шмек и ги открива вратот и рамената. Ако пуштите и некој прамен, ќе добиете фантастичен секси изглед.

Коњско опавче

Зошто мажите го сакаат ?Коњското опавче асоцира на навивачките од средношколските години и предизвикува секс. Не мора секое влакно да биде на свое место, важно е опавчето да не биде на врвот од главата или да личи на „ палма “. Опуштено опавче дава убав изглед на секоја жена и создава впечаток на „ невино “ девојче.

Напиши коментар