ШоуБиз

Какви услови поставила Џеј Ло за концертот во Белград?

Бројни светски ѕвезди имаат одредени барања и поставуваат одредени услови кои организаторите на нивните концерти мораат да ги исполнат.

На листата славни личности со посебни барања често се споменува и планетарно познатата Џенифер Лопез, а нејзините детали за настапот во Белград полека излегуваат во јавноста.

Имено, светската музичка ѕвезда ќе настапи во главниот град на нашата соседна Србија на 20 ноември, а според пишувањата на локалните медиуми, организаторот на концертот, агенцијата “Sky Music”, добила листа од 72 строги барања поставени од страна на менаџментот на Џеј Ло.

Покрај тоа, била формирана и работна и контролна група од 43 стручни лица, на чие чело ќе биде германски супервизор, кој со приватен авион ќе пристигне во Белград, се со цел да ја постави платформата за работење, а токму тие стручни лица ќе се потрудат се да помине во најдобар ред, односно да ги исполнат сите барања и желби на планетарно познатата Џенифер Лопез.

Се “шушка” дека најголемото барање на пејачката е непосредно пред концертот пред Белградската арена да пристигне со хеликоптер, а побарала и нејзината гардероба да биде целосно бела, уредена со цвеќиња, столици, свеќи и луксузен мебел. Освен пијалаци, друг кетеринг не смее да има во гардеробата.

Од претходната листа на барања во јавноста се појави информацијата дека Лопез наводно инсистирала кафето во шолјата да се меша во спротивна насока од вртењето на стрелките на часовниците, а ако може да се суди по белградската листа на желби, Лопез е “поприлично скромна”!

Ни останатите ѕвезди не заостануваат многу зад Џенифер, па иако дел од нив се скромни и не бараат премногу, има и селебрити лица чии барања се многу подетални. Таков е и примерот со Фифти Сент, кој при одржувањето на концерт во Загреб побарал норвешки лосос, московски кавијар, путер од кикирики од марката “Skipy”, американски слатки и уште многу други нешта.

Кога Бритни Спирс настапувала во Загреб, таа имала само неколку желби: забранила брза храна, побарала 50 шишиња вода во својата соба, масерка и теретана.

Лени Кравитц барал многу пешкири на сцената, традиционални вина и традиционална храна.

Сепак, најсмешно барање своевремено имале членовите од групата “Van Halen”, кои побарале М&М бонбони, но прецизирале дека од кесичките мора да бидат извадени сите бонбони со кафеава боја. Подоцна тие признале дека за бонбоните им е сосема сеедно, односно дека сакале да проверат дали организаторите воопшто ја читаат листата на барања!

 

Напиши коментар