ШоуБиз

Календар со најслабите манекенки било кога :)

Ако мислевте дека некои анорексични модели не можат да бидат послаби, ние ви покажуваме неколку слики кои ќе ви докажат дека и тоа е возможно.

Многупати сме имале прилика да видиме девојки кои претерале со диети, и што е уште полошо длабоко заглавиле во анорексија. А глетката не е ни малку привлечна. Дали некогаш ви паднало на памет дека ќе погледнете слики на кои има девојки без ништо на себе освен коски?!

Календарот на кој можат да се видат девојки во секси пози ги направила – рентген машината. За да ни докажат дека се работи за девојки, на нозете обуле високи потпетици. Дали целта на овој календар е да се исмеат современите манекенки, тоа сеуште не се знае.

Напиши коментар