ШоуБиз

Камерон Дијаз и Пи Диди се заедно?!

Холивудската актерка Камерон Дијаз најверојатно има нов дечко. 39-годишната Дијаз, по Алекс Родригез, кој беше три години помлад од неа, решила да започне врска со малку позрелиот рапер и моден креатор Пи Диди кој има 42 години.

Шушкањата за нивната врска започнаа уште пред неколку месеци, кога се раширија гласини дека тие двајца наводно веќе три години се во „врска без обврска“. Неодамна, за прв пат се видени заедно во јавност и тоа на една забава по доделувањето на наградите „Златен глобус“. Цело време биле заедно и изгледале прилично заљубено.

Засега, Камерон успешно ги избегнува фотографите и не сака да се слика со новиот дечко за во списанијата.

 

Напиши коментар