ШоуБиз

Камерон каква што не сте ја виделе до сега

Една од најомилените актерки на денешницата во последо време не е во своето најдобро издание. Последно се појавила на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во одличен фустан, но не била ни малку женствена. Камерон Дијаз претерала со вежбањето, а очигледно ни на фризурата не ѝ посветила особено внимание.

На овој настан сите се трудат да заблескаат, но на некои тоа едноставно не им поаѓа од рака. Таков е случајот кај Дијаз. Нејзините изразени мускули едноставно ја убивале целата нејзина женственост и секси фустанот кој го носела.

А за фризурата да не зборуваме, бидејќи изгледа воопшто и ја нема. Со несмасни кадрици и разлетани прамени се шетала расположено цело време на журката по доделувањето.

Напиши коментар