Sweet Home

Камини инспирирани од природата – за хармонија во сечиј дом !!!

Конечното „збогум“ на Зимата може да претрпи одложувања. Рецесијата во светски рамки предизвика и сонцето да „штеди“ на зраци, па така, секој момент на топлина во домовите е добредојден.

Секоја Зима „главоболките“ околу електричната енергија и парното затоплување добиваат поголем интензитет. Во прилог на поекономичен, попрактичен и потопол дом, Ви претставуваме преубави идеи за камини, инспирирани од самата природа. Каминот е можеби и најпосакуваното катче во домот. На елегантен начин создава хармонија, топлина и пријатна атмосфера… Со оглед дека ниските температури можат да продолжат, а како предвесници за наредната Зима, би сакале да Ви прикажеме неколку предности од доминантното „парче оган“ во домот, кое може многу да смени.

Естетскиот ефект од овие камини е природниот камен кој внесува луксузен изглед. Буквално е флексибилен за секој ултрамодерен или класичен дом. Изгледа доминантно и моќно, што е прерогатив за секој едноставен и практичен простор. Симетралниот изглед дава чувство на перфекција а руралните примеси во склоп дури и на најмодерните изданија дава чувство на раскош.

Уверете се и самите колку нешта може да промени…

Напиши коментар