ШоуБиз

Кание ја фрли целата облека на Ким

Познатиот рапер Кание Вест си даде на себе задача да и го смени имиџот на Ким Кардашијан. Тој како моден дизајнер смета дека неговата девојка не се облекува убаво. За среќа Ким се сложила со неговата идеа и му дозволила да ги исфрли сите парчиња облека од нејзиниот плакар. Кание и ветил дека ќе и купи полн плакар нови парчиња облека, па немало ни простор за противење.

Според Кание, Ким наскоро ќе се појави на листата на најубаво облечени жени во шоубизнисот. Иако до сега Ким беше репер за многу жени ширум светот, сепак изгледа тоа не било нејзиниот врв.

Напиши коментар