Убавина

Кантарион за убава кожа

Кантарионот е билка која има широка примена во медицината. Се користи како превенција за болести на бубрезите, мочните канали, цревата, желудникот, го регулира крвниот притисок, ги лечи раните…

Но, кантарионот е исто така моќен сојузник и на убавината. Може да подготвите еликсир на младоста токму со оваа билка. Смелете две лажици суви цветови од кантарион, измешајте ги со една лажица маслиново масло, малку мед, и една лажица бело вино. Смесата нанесете ја на лицето и држете ја половина час. Потоа измијте се со топла вода. Кожата ќе ги прими потребните состојки за да остане мека, нежна и еластична.

Напиши коментар