ШоуБиз

Кантри пејачката од „Lady Antebellum“ скокна в тавче :)

Пејачката од познатото американско кантри трио „Lady Antebellum“, Хилари Скот скокна в тавче изминатиов викенд.

Среќниот избраник на Хилари (25) е тапанарот Крис Тајрел (24) кој ја побарал за жена пред само шест месеци, а церемонијата се одржала пред поблиските роднини и пријателите во Њујорк.

На овој голем ден, невестата била облечена во венчален фустан во креација на Вера Ванг кој бил порабен со кристали и бисери по краевите. Но, да не го заборавиме и зетот. Ни тој не заостанувал со елегантноста зад Хилари. Бил облечен во сиво одело на Ерменегилдо Зења во комбинација на црна кошула и сива кравата.

Да им посакаме сè најдобро на младите сопружници!

Напиши коментар